Охрид го прослави денот на рибарите
Чествувања во Балканскиот Ерусалим продолжија и денес на празникот Свети Јован Крстител со уникатната манифестација Денот на рибарите.
Со капење на рибарите и фаќачот на крстот со неговата тајфа во езерските води ,еден и пол тон рибна чорба, греана ракија ,вино и пача Охрид остана верен на вековната традиција.
Традиционално рибната чорба ја подготвија професори и ученици од средното угостителско училиште Ванчо Питошески.
Околу 5000 порции, беа послужени на присутните гости на манифестацијата а дел од подготвената чорба ќе биде доставена и до социјално ранливите семејства од градот.
Огромен број на посетители уживаа во манифестацијата а повозрасните охриѓани ги прераскажаа старите рибарски приказни и обичаи.
Денот на рибарите во минатото го означувал крајот на забраната за риболов на охридската пастрмка во езерото после зимскиот мрест.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
