Охрид накитен со ланските светилки – оваа година нема да има прослави
Главниот туристички центар годинава без Новогодишна прослава на градскиот плоштад. Во услови на здравствената и економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19, парите предвидени за украсување и забави општината ќе ги пренамени за справување со последиците од коронавирусот. Охрид деновиве блеснаа во новогодишно руво украсен со ланските реквизити.
Охрид изминативе години беше привлечна дестинација за новогодишните празници особено за гостите од нашето соседство .
И покрај тоа што дочек и забави нема да има сепак за најмладите и домашните посетители особено оние кои што си имаат свои викенд станови кои празниците ќе ги поминат покрај брегот на езерото ќе може да уживаат во новогодишната атмосфера.
Инаку инспекциските служби најавија засилени контроли на угостителските објекти, а МВР пак ќе ги следи огласите за издавање станови, викендици и други објекти во пресрет на новогодишните и божиќните празници се со цел да се спречи понатамошното ширење на вирусот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
