Македонија
4. February 2021 - 12:47

Охрид по Скопје со најмногу активни случаи

Охрид втор во земјава веднаш по Скопје по бројот на активни случаи со Ковид 19. Моментално 50 пациенти на возраст од 50 до 80 години се хоспитализирани во Општата болница од кои 30 се на кислородна поддршка, а голем дел од нив се со тешка клиничка слика. Според докторите причина за константното зголемување на позитивни во градот е непочитувањето на мерките за заштита.

Целиот персоналот во охридската болница е мобилизиран од каде велат дека слободни кревети и лекови има, без да се запостават оние пациенти кои не се заболени со Ковид-19 и апелираат до доаѓањето на вакцините граѓаните да бидат крајно внимателни.

За 15 дена треба да биде готова и модуларната болница која ќе има капацитет од 40 легла и ќе биде опремена со целокупна медицинска опрема.