Охрид подготвен за велигденските празници – Се очекува полн град
Охрид подготвен за велигденските и првомајските празници.За продолжениот викенд во пандемија но оваа година со полабави рестриктивни мерки според најавите на туристичките работници се очекува градот да биде исполнет и тоа претежно со домашни гости.Добар дел од хотелските капацитети и приватното сместување се веќе резервирани а оваа година верниците ќе може да ги посетат и верските храмови.
Градоначалникот Георгиески апелира да се почитуваат мерките и препораките за заштита од коронавирусот и најави засилени радарски служби за празниците на најфрекветните места во градот и летните тераси на угостителските објекти .
Добрите познавачи од областа на туризмот велат дека ова лето ќе биде подобро во однос на лани и се надеваат дека имунизацијата и почитувањето на мерките можат позитивно да влијаат врз вкупните состојби.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
