Македонија
23. May 2021 - 19:41

Охрид полн со гости за продолжениот викенд

Охрид за продолжениот викенд солидно исполнет со гости. Најбројни долж ривиерата се гостите од нашето соседство од Црна Гора,Србија и Албанија но не изостануваат ни домашните и тоа претежно оние кои што си имаат свои викенд станови. Намалените бројки на новозаболени лица допринесоа за опуштање кај граѓаните раздижено  е покрај кејот ,чаршијата,плажите а делумно исполнети се хотелите вилите и приватното сместување.

Туристите од регионот велат дека се чуствуваат безбедно во главниот туристички центар ,најатрактивни за нив се прошетките со брод и катамарани низ езерото ,Заливот на Коските и Свети Наум.

Туристичкте работници велат дека овој продолжен викенд неможе да се споредува со оние пред коронавирусот кога градот беше преплавен со гости и тоа претежно странски кои со чартер летови доаѓаа во Охрид, но сепак се надеваат дека ова лето со олабавувањето на рестриктивните мерки и масовната имунизација ќе биде подобро од изминатото .