Македонија
7. January 2021 - 12:32

Охрид полупразен за Божиќ

Главниот туристички центар го чествува Божиќ еден од највеселите празници во христијанството каде,блиските се собираат и се поздравуваат со зборовите Христос се роди.

Поради пандемијата оваа година верниците ги посетија православните храмови согласно протоколите .Со оглед на тоа дека станува збор за семеен празник Охрид претежно исполнет со домашни посетители и тоа оние кои имаат свои викенд станови и куќи.

Нуркачите од градот за овој Божиќ со подводни еко акции го чистеа дното на езерото а вреќата на Дедо мраз наместо со подароци  полна со најразличен  отпад.

Инаку изминатиов период од водите на охридкото езеро беше извадена речиси цела покуќнина .Еко активистите од една страна чистат а несовесните посотојано фрлаат секаков вид отпад. Нуркачите работат на  лоцирање, фотографирање и негова дислокација. Најмногу отпад има на крајбрежјето, додека во подлабоките делови состојбата е подобра и  апелираат

на поголема свест кај граѓаните.