Македонија
2. January 2020 - 16:31
Охрид се надева дека нема да влезе на загрозената листа на УНЕСКО, експертите во јануари во посета на градот
На 27 јануари доаѓа реакативната мисија на Унеско во Охрид за да утврди колку од препораките се исполнети.
Градоначалникот Георгиески е оптимист дека во јуни во Кина за кога е закажан состанокот на Комитетот за светско наследство, Охридскиот регион нема да се најде на листата на загрозени подрајча и најави дека на 17 јануари ќе се формира меѓудржавен комитет за Унеско заедно со Албанија.
Георгиески смета дека најголем проблем претставува справувањето со депонијата Буково а не отстранувањето на бесправно изградените објекти.
Инаку Охрид за првпат откако е впишан како заштитено подрачја од УНЕСКО во 1979 година може да се најде на листата на светско културно наследство во опасност.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
