Македонија
8. January 2020 - 16:47

Охрид се подготвува за Водици

Во духот на православието и традицијата Охрид и оваа година ќе биде центар на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление -Водици. Празнувањето ке започне со утрински богослужби и литургија во црквите , а во 10 часот на градскиот плоштад чесниот крст ќе се фрла во водите на охридското езеро . За одбележувањето на 30 годишниот јубилеј од првата масовна организација  на овој празник , големиот  број на гости кои се  очекуваат да пристигнат ќе ги забавува балканската музичка ѕвезда Петар Грашо.

За безбедноста на капачите кои ќе скокаат по Светиот крст ќе се грижат спасители на вода со два чамца, три нуркачки и осум медицински екипи.

Инаку чествувањата и обичаите поврзани со Водици во Охрид продолжуват и на 20 јануари, со прославување на Свети Јован Крстител и уникатната манифестација Денот на рибарите.