Охрид стравува дека празниците ќе ја наполнат охридската болница
Од Oхридската болница стравуваат од притисокот врз здравствениот систем по претстојните празници. Со оглед на тоа дека градот за новогодишните и Божиќните прослави па се до Водици е преполн со гости медицинскиот персонал е загрижен од неизвесниот тек бидејќи секое непочитување значи оптоварување на болницата и апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот и да не се групираат.
Болеста е непредвидлива, а состојбата се менува од час во час лекарите даваат се од себе за да се спаси секој еден пациент вели директорот на општата болница Балевски.
Дополнителен проблем е тоа што во континуитет има 40тина позитивни или во изолација медицински кадар.
Инаку во кругот на болницата во тек се градежните зафати за подготовка на теренот за поставување на модуларната болница за третман и лекување на пациентите со Ковид-19 која се очекува да биде готова во месец јануари и ќе располага со капацитет од 40 кревети.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
