Македонија
31. May 2025 - 19:38
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
Охрид со бројни настани ја проширува туристичката понуда. По деветти пат викендов градот пулсира со спортско рекреативната манифестација „Охрид трчаТ“. Над 2.400 тркачи од 31 држава од светот ќе учествуваат на овогодинешното издание кое привлекува посетители од сите краеви и влијае врз локалната економија.
Интересот за учество на овој настан е огромен 50 проценти од пријавените се странци а ги има од сите возрасти.
За време на одржувањето на главниот настан, односно трките во недела, ќе има времен режим на сообраќај.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->