Охридскиот аеродром постави нов рекорд-раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули

Додека аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, ACI Europe повторно ги рангира македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во Европа.
Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, го забележа најуспешниот месец јули во својата историја, поставувајќи нов рекорд и во бројот на патници и во бројот на реализирани летови, информираат од ТАВ Аеродроми.
Во текот на јули, охридскиот аеродром опслужил 52.544 патници, што претставува раст од 41,21 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Воедно, биле реализирани 443 летови, односно 34,65 отсто повеќе отколку во јули 2025 година.
Во истиот месец биле поставени уште два значајни рекорди. На 26 јули бил регистриран најфреквентниот ден во историјата на охридскиот аеродром, со опслужени 2.988 патници, додека на 20 јули биле реализирани рекордни 22 летoви во текот на еден ден.
-Позитивниот тренд се потврдува и преку кумулативните резултати. Во периодот од јануари до јули преку охридскиот аеродром патувале вкупно 175.182 патници, што е за 24,24 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Во истиот период биле реализирани 1.350 летови, што претставува раст на авионскиот сообраќај од 28.69 отсто, велат од ТАВ Аеродроми.
Според нив, силен раст продолжува да бележи и Меѓународниот Аеродром Скопје.
Во текот на јули биле опслужени 408.925 патници, што претставува раст од 29.5 отсто во споредба со истиот месец минатата година, додека беа реализирани 2,670 летови, односно 10.3 отсто повеќе отколку во јули 2025 година. Најфреквентен ден на скопскиот аеродром бил 31 јули, кога беа опслужени 16.347 патници. Најголемиот број на летови во еден ден, вкупно 101 операција биле реализирани на 20 јули.
-Во периодот од јануари до јули на Меѓународниот Аеродром Скопје беа опслужени 2.241.935 патници, што претставува раст од 29 отсто во споредба со истиот период минатата година, додека беа реализирани 14.930 летови, односно 7.1 отсто повеќе. Во првите 7 месеци од годината, скопскиот и охридскиот аеродром заедно опслужија 2,42 милиони патници (2.241.935) и 16.280 летови, што претставува зголемување од 28.4 отсто во растот на патничкиот сообраќај и 8.6 отсто во бројот на операции, посочуваат од комапнијата.
Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, нагласува дека континуираниот силен раст што веќе подолг период го бележат на двата македонски аеродроми ги прави исклучително горди.
-Рекордните резултати на охридскиот аеродром се само уште една потврда дека трудот, јасната визија, посветената работа и долгорочната стратегија на ТАВ Македонија даваат резултати. Новите авиолинии и заедничките активности со Владата за привлекување нови авиокомпании придонесуваат Охрид да стане сѐ подостапна и поатрактивна дестинација за патниците и туристите. Овие резултати потврдуваат дека инвестициите во развојот на мрежата на линии и унапредувањето на услугите на двата аеродроми создаваат нови можности за развој на туризмот и економијата, изјави Курт.
Тој истакнува дека и покрај реконструкцијата што се реализира на охридскиот аеродром, неговото работење се одвива без прекини. И покрај обемните градежни активности, редовниот авиосообраќај и патничките услуги функционираат согласно предвидениот распоред.
-Успехот на ТАВ Македонија повторно е препознаен од Меѓународниот совет на аеродроми - Европа (ACI Europe). Според најновиот извештај на ACI Europe за првата половина од 2026 година, иако аеродромите низ ЕУ имале зголемување на патничкиот сообраќај од 2,6 отсто, во споредба со првите шест месеци од 2025 година, Северна Македонија е лидер меѓу земјите кои не се членки на ЕУ+ во однос на растот на патничкиот сообраќај, со зголемување од 27,9 отсто, пред Молдавија (+21%), Албанија (+17,2%), Узбекистан (+15,7%), Ерменија (+11%) и Црна Гора (+10,4%). Покрај ова, ACI Europe го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје меѓу најбрзорастечките средни аеродроми во Европа, со пораст од 28,6 отсто, се вели во соопштението.
ТАВ Македонија, потенцираат оттаму, и во иднина ќе остане посветена на развојот на двата македонски аеродроми преку проширување на мрежата на авиолинии, унапредување на услугите и создавање нови можности за патниците, туризмот и економскиот развој на државата.
МИА
Ново на Сител
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
-

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува – нови цени на горивата од полноќ
-

Во 44 акции против незаконски риболов на Охридското Езеро приведени две лица, запленети 25 мрежи и 702 белвици
-

Наместо од психолог и пријатели – младите му се доверуваат на AI и бараат помош и совети од чет-ботови
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Охридскиот аеродром постави нов рекорд-раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули
-

Рекорден број прекршоци во јули: Над 20 илјади казни, 496 лица приведени и одземени 332 возила
