Македонија
12. January 2026 - 12:16

Охридскиот Црвен крст помага на повеќе од 600 семејства

Преку 600 семејства живеат на раб на егзистенција во Охрид но бројката е далеку поголема бидејќи голем дел од граѓаните се срамат да пријават во Црвениот крст и да кажат дека имаат финансиски проблеми. Едвај преживувајќи имаат потреба од храна, облека, лекови, огрев а не можат да си ги платат ни сметките за струја и вода.

Волонтерите редовно ги посетуваат ранливите граѓани се со цел да им го олеснат секојдневието и апелираат до општествено одговорни компании и хумани граѓани кои имаат можност да донираат за помош на социјално загрозените граѓани. 

Тимовите на Црвениот крст ќе делат пакети за помош на најранливите и за празникот Водици.