-->
-->
Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
-->

Лице на 57 години од Охрид го загуби животот откако вчера се превртело кануто со кое управувал во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро.
„На 10.10.2026 во 18:30 часот во ПС ГН Охридско Езеро било пријавено дека во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, се превртело кану управувано од А.Н.(57) од Охрид“, се вели во соопштението на МВР.
На местото биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт кај лицето.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.
По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стартува Безбеден град во Охрид
-

СДСМ: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и ги убедува граѓаните дека живеат подобро
-

ВМРО-ДПМНЕ: На анкетите јасно се гледа дека Филипче има рејтинг од 3%
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
