Македонија
8. August 2026 - 14:28

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка

На 07.08.2026 во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лиција од слобода С.Ѓ.(46) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:00 часот физички ја нападнал неговата 67-годишна мајка и фрлал тврди предмети  кон домот.

Тој бил приведен во полициска станица и ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп, каде што издржувал казна затвор, а бил пуштен на викенд отсуство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.