Македонија
7. March 2025 - 12:30

Охриѓани дишат загаден воздух, неопходно е креирање мерки и нивно доследно спроведување

Загадувањето на воздухот алармантно ,Охрид сеуште високо котира на листата .Потребен е сериозен пристап кон Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општината  , бидејќи здравјето на граѓаните е од суштинско значење, да се направи Комисија која ќе работи заедно со службите за измена на овој План и строго ќе ги контролира мерките смета  советничката од СДСМ, Живка Ангелоска.

„Ако го прочитате Извештајот ќе видите дека стои „ оптимално регулирање на управување на сообраќајот во централното градско подрачје “. Тоа е на хартија , а во пракса знаете што се случува со сообраќајот во централното градско подрачје , особено во летниот период и апсолутно не соодејствува со она што е напишано во извештајот, па дури и оние улици, ете улицата покрај брегот на Охридското езеро која што беше затворена за сообраќај , се отвори. А секоја јавна површина каде што беше возможно, па и невозможно, се претвори во паркинг истакна Ангелоска.

Урбанистичкиот хаос е една од најголемите причини поради кои охриѓани се гушат, потенцира советничката од Левица, Виолета Аврамоска.

„Секој кој има елементарно познавање од екологијата знае дека урбаниот хаос, згради кои што се изградени една до друга, каде што се затвораат прозорите и балконите на постоечките објекти, каде што е намалена циркулацијата на воздухот, а со тоа се уништува и зеленилото, се една од најважните причини поради кои охриѓани денес дишат најзагаден воздух во Македонија. Не зборувам за дивоградбите, тие се посебна приказна, туку за легално изградените градби, проблем кој 20-тина години ни се провлекува во Охрид“  кажа советничката Аврамоска.

Од Одделението за животна средина велат дека мерките се креирани во соработка со Министерството за животна средина и се скоро исти за сите општини во државата.

„Ние како одделение имаме обврска неделно да доставуваме извештаи до МЖСПП и ние тоа го правиме секој петок, поткрепено со извештаи и записници од инспекторите за животна средина кои имаат засилен андзор за Б интегрирани еколошки дозволи, еколошки елаборати, на градилишта. И досега од министерството немало забелешки истакна Момироска.

Општината изработи план за подобрување на квалитет на воздухот при што акцент е ставен на енергетска ефикасност.