ОЈО бара Арсовска да им презентира докази
Арсовска да ги посочи конкретните парцели или згради за Обвинителството да може да постапи. Основното јавно обвинителство Скопје ја повика градоначалничката на Град Скопје да соработува со институцијата.
Откако вчера Арсовска во телевизиско гостување рече дека добивала закани три години и оти очекува да биде убиена, од Обвинителството велат дека на располагање е дежурен јавен обвинител кој би ја сослушал Арсовска за сите сомневања, сознанија и закани, за потоа да ги провери сите околности.
- Доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска тоа да го пријави, да соработува со јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се откриени сомненија за незаконитости. Тоа е неопходно за да може да постапува обвинителството и да спречи евентуално компромитирање на доказниот материјал. Во однос на заканите, Министерството за внатрешни работи е орган директно надлежен за заштита на животот на граѓаните, како и за откривање и спречување на тие што го загрозуваат. Основното јавно обвинителство Скопје е на располагање преку дежурен јавен обвинител, веднаш без одлагање, доколку сака градоначалничката, да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани и да ги провери сите околности, велат од ОЈО.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
По предлог на Вајц, одложено гласањето за предлог-извештајот за напредокот на Македонија
-
ДУИ поднесе интерпелација за претседателот на Уставниот суд
-
ВРЕДИ се уште нема став за една изборна единица
-
Анкетна комисија за Кочани
-
Економскиот раст е добар показател, се бара решение за инфлацијата
-
Договорците во здравството година и половина чекаат решенија – од Здравство тврдат дека постапката е во тек
-
Скопје остана без приватни превозници, тврдат дека ЈСП им должи два и пол милиони евра