ОЈО: Обвинение против шест лица за фалсификување пари
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска поднесе обвинителен акт против шест лица, за кои постои основано сомнение дека како злосторничка група, организирана од првоосомничениот, сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.
На пет лица им се става на товар кривичното дело „фалсификување пари“, додека првообвинетиот и уште едно лице се обвинети и за кривично дело - „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“, соопштија попладнево од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
-Од крајот на 2023 година до февруари 2025 година, првообвинетиот на територија на македонска и српска територија создал група на која припадници станале останатите обвинети - македонски државјани и шест српски државјани за кои постапката се води во Република Србија. Првообвинетиот неовластено набавил и држел опрема и материјали за правење на лажни банкноти - евра во апоени од 20, 50, 100 и 200 евра, кои припадниците на групата ги дистрибуирале до заинтересираните купувачи во Република Србија по цена од 25-30 отсто од номиналната вредност на вистинските банкноти. Шестообвинетиот неовластено изработувал машини и делови за правење лажни пари и истите ги одржувал. Од јуни 2024 година до јануари 2025 година, 114 .150 лажни евра, групата ги продала за 42.400 евра, се појаснува во соопштението.
Со обвинителниот акт, Обвинителството бара и продолжување на мерката притвор.
МИА
Ново на Сител
-
Муцунски ја поздрави одлуката на САД за намалување на тарифите за македонските производи
-
Сиљановска-Давкова: Безбедносната состојба е стабилна и под контрола
-
УЈП привремено затворила пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност
-
Димитриевски: На средината од август ќе бидат познати деталите од коалициските преговори со ВМРО-ДПМНЕ
-
Приведен кавадарчанец кој со остар предмет им се заканувал на сограѓанин и малолетник
-
Пет лица од Тетово се тепале на Меѓународниот аеродром Скопје
-
Во сообраќајка тешко повреден 14-годишен мотоциклист
-
ОЈО: Обвинение против шест лица за фалсификување пари