ОЈО Штип обезбеди докази за злоупотреба на службената положба и малтретирање во вршење на служба
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип денеска извршил увид во Вишото јавно обвинителство Скопје и обезбедил докази во постапката за кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и малтретирање во вршење на службата поведена против јавен обвинител.
-Јавниот обвинител и стручни соработници од ОЈО Штип ги документираа податоците внесени во уписниците и начинот на внесување на предметите. Притоа, се вршеше и споредба со исказите на оштетените лица – пријавители за начинот на кој наведуваат дека се интервенирало при распоредување на предметите, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Увидот во документацијата, се вели во соопштението, е извршен во целост во согласност со одредбите на Законот за кривична постапка и за истиот ќе биде изготвен записник со констатации за сите присутни лица.
Ново на Сител
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд