Околу 14.000 патници поминале преку ГП „Богородица“ кон Грција во изминатите 24 часа

Во изминатите 24 часа, вкупно 14.000 патници ја поминале македонската граница на граничниот премин „Богородица“ на пат кон Грција, информираат од Министерството за внатрешни работи. До 10 часот утринава се регистрирани околу 3.000 македонски државјани кои оствариле излез од овој граничен премин, а останатите 11. 000 се државјани на други земји.
Застој на граничните премини на југоисточниот дел од државата, кон соседна Грција не е забележан од македонска страна, а од МВР велат дека од нивна страна се преземаат мерки со ставање на функција на сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.
Корисници на социјални мрежи пријавуваат различни искуства – од брзо поминување на границата до чекање од околу еден час, при што најголеми задржувања има кај автобусите.
Најголем застој има кај автобусите, кои ова утро можеа да се забележат во голем број на граничниот премин „Богородица”. Зголемениот сообраќај за излез од земјава низ граничните премини кон Грција е очекуван поради празничниот продолжен викенд. Подолг застој на границите се забележува и во останатите викенди, поради примената на ЕЕС регулативата која стартуваше на 10 април.
Портпаролот на грчката Влада на вчерашниот брифинг, на новинарско прашање од МИА, дали ќе се одложи имплементацијата на системот и кај балканските туристи, соопшти дека регулативата ЕЕС им дава различни алатки и можности на земјите-членки за справување со евентуални притисоци на граничните премини, а Грција ќе ја оценува состојбата и ќе ги презема соодветните мерки за да го опслужува зголемениот број патници и да е во согласност со законските правила.
МИА
Ново на Сител
-

Станков: Кај 33 жртви од „Пулс“ пронајден цијанид – но не е причина за смртта
-

Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат
-

Работник тешко повреден од струен удар во Куманово
-

Кривична за четири малолетнички за ученичкото насилството Ѓорче Петров, пријави ќе добијат и нивните родители
-

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков пуштен на условен отпуст
-

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев
-

Мицкоски: Mакедонија има прекрасни места за летување aко ЕЕС-системот претставува проблем
-

ЦУК: Ставен под контрола пожарот во Шуто Оризари, гореше машина за мелење железо
