ОКТА воведува попуст од два денара по литар дизел гориво

ОКТА АД - Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 година, информираат од компанијата.
Попустот, како што велат, ќе се применува на продажбата на дизел гориво што ОКТА го испорачува на трговците со горива на големо и мало. Учесниците на пазарот и понатаму самостојно ќе ги утврдуваат конечните малопродажни цени, во согласност со своите комерцијални политики и актуелните пазарни услови.
-Оваа иницијатива е дел од серијата таргетирани мерки за поддршка кои ОКТА ги спроведува од март 2026 година, со цел да придонесе кон ублажување на влијанието на нестабилноста на меѓународните пазари и за поддршка на стабилноста и конкурентноста на домашниот пазар на горива, посочуваат од компанијата.
Со најновата иницијатива, како што велат, вкупната вредност на досегашната поддршка, која ОКТА ја обезбедува за домашниот пазар од март 2026 година, се очекува да достигне приближно 8 милиони евра.
МИА
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
