Оланд: Европа ќе мора да научи да живее сама, без поддршката од САД

Европската унија треба да научи да живее „сама“ и повеќе да не се потпира врз Соединетите Американски Држави, дури и по заминувањето на Доналд Трамп од власт, изјави поранешниот француски претседател Франсоа Оланд.
Оланд се заложи за брза изградба на засилени европски одбранбени сили, фокусирани околу неколку земји кои се подготвени да го спроведат тоа.
„Ќе мораме да живееме сами, Европа сама. За Германците и Британците е многу тешко да замислат западен свет без САД“, оцени Оланд, додавајќи дека не треба да се верува дека САД ќе се вратат кон Европа како порано, кога Трамп повеќе нема да биде претседател.
„Тоа е завршено“, рече поранешниот претседател.
„Политичарите, но и граѓаните, треба да замислат свет во кој повеќе не сме сојузници со САД. Дури и ако демократски претседател, што би било пожелно, дојде на власт, нема да биде ништо попопустлив ниту поподдржувачки“, смета Оланд, кој беше претседател пред актуелниот француски лидер Емануел Макрон.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола
-

Изгласан законот: Тротинети ќе смеат да возат само лица над 18 години
-

Струшките пожарникари со апел за зголемена претпазливост од пожари на отворено
-

Велика Британија инвестира пет милијарди фунти во дронови и автономни системи
-

Како „Тикток“ и „Фејсбук“ го менуваат мозокот?
-

Државно финале на „Плазма - Спортските игри“: 600 млади се борат за пласман во Сплит
-

Дуња Иванова со највисок светски ранг во македонскиот велосипедизам
-

До петок нестабилно време со повремени врнежи од дожд
