„Опен-АИ“ ќе нуди опционална содржина за возрасни во „Чет-ГПТ“, покрај ограничувањата околу возраста

Лансиран пред неколку години, „Чет-ГПТ“ го предизвика „бумот“ на вештачката интелигенција и сега има околу 800 милиони корисници неделно. Американската компанија „Опен-АИ“ сега најави понуда на својот четбот, со содржина ориентирана кон возрасни, според изјавата на извршниот директор Сем Алтман. Новитетот може да пристигне веќе во декември.
„Во декември, додека поцелосно го воведуваме ограничувањето на возраста и како дел од нашиот принцип ‘третирај ги возрасните корисници како возрасни’, ќе дозволиме уште повеќе, на пр. еротика за верификувани возрасни“, напиша Алтман на „Икс“.
Овој потег би го сместил „Чет-ГПТ“ покрај конкурентите, вклучувајќи го и четботот „Грок“ на Илон Маск, којшто веќе дозволува сексуализирана содржина и „оскудно облечени“ анимирани аватари. Но, и покрај популарноста, остануваат прашањата за профитабилноста на ВИ.
„Опен-АИ“ и други технолошки гиганти, вклучувајќи ја и матичната компанија на Фејсбук – „Мета“, вложуваат стотици милијарди долари во центри за податоци, но не е јасно дали овие вложувања ќе се исплатат. Компаниите бараат начини за монетизација на можностите на ВИ.
Алтман, исто така, рече дека корисниците ќе можат појасно да ја обликуваат личноста на „Чет-ГПТ“, дозволувајќи му, на пр., да се однесува „како пријател“. Ова доаѓа како одговор на барањето од корисниците на кои им недостигаат претходните верзии на ботот коишто обезбедуваат поголема афирмација. Се наведува и дека „Опен-АИ“ ќе воспостави безбедносни мерки за да се спречи софтверот да промовира потенцијално штетно или опасно однесување.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
-

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
-

МВР спречи трагедија, малолетник најавил самоубиство на социјалните мрежи
-

Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
