Оперативец на ЦИА сведочеше во Сенатот: Фаучи ги замајуваше разузнавачите за да не се открие вистината за Ковид 19

Ентони Фаучи, поранешниот директор на Националниот институт за алергии и заразни болести и главен медицински советник на претседателот на САД, влијаеше на истрагата за потеклото на КОВИД-19 со тоа што ја користеше својата позиција за да осигура дека разузнавачката заедница се консултира со погрешни луѓе, кажа укажувач, оперативец на ЦИА, Џејмс Ердман, на сослушувањето пред Комитетот за национална безбедност на Сенатот на САД во врска со прикривање на информации за Ковид-19.
На сослушувањето кое го отвори претседавачот на Комитетот, сенаторот Ранд Пол, укажувачот тврди дека аналитичарите од ЦИА и Националното разузнавање одговорни за испитување на потеклото на ковид, настојувале да прикријат дека вирусот е од лабораторија, а не од природно потекло, со цел да се постави основа за одобрување на итна употреба на mRNA производи.
– Јас сум професионален оперативец на ЦИА, и како што спомнавте, бев на должност во Канцеларијата на директорот за национално разузнавање, Групата за иницијативи на директорот, или ДИГ, помеѓу март 2025 и април 2026 година. Бев одговорен за водење на истрагата на ДИГ за потеклото на КОВИД, аномални здравствени инциденти и неидентификувани аномални појави. Јас сум тука денеска за да зборувам за прикривањето на КОВИД, националните безбедносни импликации поврзани со истражувачките наоди на ДИГ и одбивањето на ЦИА да се придржува до законскиот надзор, и како да ги решиме овие проблеми, вели укажувачот на сослушувањето.
Според него, раководството на разузнавачката заедница и поискусните аналитичари ја занемариле опцијата дека ковид пандемијата потекнува од лабораториски инцидент.
– Мотивите за ова тешко можат да се дефинираат, со оглед на обемот на работа на ДИГ. Намерни или не, постапките на разузнавачката заедница резултираа со прикривање, потрошени ресурси и неуспех соодветно да се информираат креаторите на политики. Јавната здравствена политика би била многу поразлична доколку американската јавност била информирана дека вирус од лабораторија во Кина ќе служи како основа за одобрување на итна употреба на mRNA производи, наметнати од поранешната администрација, вели оперативецот на ЦИА.
Улогат во прикривањето имал и д-р Фаучи, кој влијаел врз аналитичкиот процес и наодите со тоа што ја користел својата позиција за да осигура дека разузнавачката заедница се консултира со конфликтни листи на избрани експерти во одредени области, јавни здравствени службеници и научници.
Ова вклучувало некои од авторите на трудот „Проxималнo потекло на САРС-КоВ-2“ и други експерти за јавно здравје околу него повеќе од 20 години. Некои од научниците биле дел од Групата на експерти по биолошки науки или Б-СЕГ, советодавно тело на Канцеларијата на директорот на националното разузнавање, чии членови често примаат значителни средства од НИАИД и агенции за јавно здравје.
Научниците од Б-СЕГ, истакна укажувачот, влијаеле врз истражувањата за оружје за масовно уништување во националната лабораторија, одлуките за политики, завршените анализи и други разузнавачки прашања, создавајќи конфликти на интерес, како и прашања поврзани со контраразузнавање. Од 2006 година, Б-СЕГ даваа консултатнски услуги на хонорарна основа за прашања поврзани со био-одбрана на разузнавачката заедница, а истовремено спроведуваа истражувања финансирани од владата и држеа академски позиции, но и позиции во институции за јавно здравје и учествуваа како членови во Националната академија на науки. Тие добивале финансирање од НИАИД и други агенции за истражување на вакцини, проектот Предикт на УСАИД, Програмата за соработка за намалување на закани, и дури работеле со кинески научници на студии за коронавирус и други патогени во обид да развијат вакцини.
-Не постоеше надзор кој го следеше како оваа мрежа на односи влијаела врз истражувањето, политиката и јавното здравје на каков било холистички начин повеќе од 20 години. Всушност, неколку научници од Б-СЕГ му помогнаа на д-р Фаучи повторно да ги напише дефинициите за истражувањето околу функциите на вирусот (gain-of-function – додавање на способност за поголема заразност на вирусот, пренесување од животни на луѓето и поголема леталност) во 2015 година за да се прекине паузата во финансирањето на опасни истражувања. Сепак, други учествуваа во планирањето на Евент 201 во 2019 година. Ова беше штабна вежба за пандемијата на коронавирус, многу слична со настаните кои се случија за време на ковид пандемијата COVID. И на неа присуствуваа д-р Фаучи и лица со врски во разузнавачката заедница, како поранешната директорка на Националното разузнавање Аврил Хејнс, сведочеше оперативецот на ЦИА на сослушувањето во Сенатот.
Аналитичарите од ЦИА и Националното разузнавање одговорни за испитување на потеклото на ковид, како што посочи, донеле одлуки што не биле доследни со заклучоците со експертите и аналитичарите од областа, постојано фаворизирајќи ја теоријата за зооноза или природно потекло.
– По прегледот на ЦИА за ковид што кулиминираше во 2023 година, ЦИА се одмазди кон аналитичарите кои ја поддржуваа хипотезата за лабораториско протекување. Аналитичарите на ЦИА не биле поткупувани. Аналитичарите кои го поддржуваа заклучокот за лабораториско протекување во 2023 година ја презедоа секоја административна мерка за да ги прикажат нивните длабоки загрижености во врска со аналитичкиот интегритет на нивните разузнавачки информации. Раководителите на ЦИА се одмаздија кон нив поради нивното одбивање да се согласат со анонимното препишување на анализата од страна на раководството, кое ја промени проценката во пресуда,вели тој.
Влијанието на д-р Ентони Фаучи врз анализата за потеклото на ковид во разузнавачката заедница и несвесната улога што некои Б-СЕГ научници и вработени во РЗ ја одиграа во прикривањето покажаа зошто ова прашање е загрижувачко. Неможноста да се реши неспособноста на владата на САД да направи разлика помеѓу јавно здравје и биоодбрана, како и екосистемот отпорен на надзор, беше плодна почва за сè поопасни истражувања околу функциите на вирусот во САД, како и слични истражувања спроведени во лаборатории поддржани од владата на САД во странство.
Промените во улогите и одговорностите во јавното здравје и биоодбраната по нападите од 11 септември ги замаглија границите помеѓу научниците, војската, разузнавачката заедница. Тоа резултираше со намерно нетранспарентна и непотребна политика за истражување и финансиска инфраструктура за биоодбрана, очигледно наменета за ескалација на бирократскиот балон. Ова е национална безбедносна криза предизвикана од неспособноста да се обезбеди вистински надзор.
Систематските неуспеси поврзани со матните граници помеѓу биоодбраната и јавното здравје и преголемите комплексни инфраструктури се влошени од документирани обиди за заобиколување на надзорот. ЦИА не го почитуваше законскиот надзор за време на истрагата на ДИГ. Ова однесување значително влијаеше врз спроведувањето од страна на директорката Габард на неколку извршни наредби издадени за време на оваа администрација и доделени на ДИГ. ЦИА одби да даде информации потребни за разбирање зошто аналитичките стандарди во ЦИА биле прекршени.
ЦИА незаконски го следеше користењето на компјутерите и телефоните од страна на вработените во ДИГ, нивните истраги и контактите со укажувачи. Ова беа Американци кои беа незаконски шпионирани додека ја извршуваа работата наредена од Претседателот и под овластување на директорот на Националното разузнавање. Еден изведувач на ЦИА кој помагаше во истрагата на ДИГ за настаните што се случиле помеѓу 2022 и 2023 година беше отпуштен од ЦИА еден ден по средбата со ДИГ.
Кога ДИГ ги прекина операциите, ЦИА исто така врати назад 40 кутии со досиејата од ЏФК и MK Ултра досиејата кои беа обработувани за декласификација од страна на директорката Габард. Законодавната и извршната власт ќе продолжат да бидат дезинформирани ако овој вид на однесување не се реши. Делумното решение за опасното gain-of-function истражување е веќе наведено во Извршната наредба 14292, со што се подобрува безбедноста на биолошките истражувања. Потребен ни е сеопфатен преглед на истражувањата финансирани од владата и враќање на дефинициите за gain-of-function и истражувањата за оружје за масовно уништување од пред 11 септември, особено во РЗ и Агенцијата за национална безбедност, кажа укажувачот.
Тој препорачува поефикасен надзор, а агенциите да понесат одговорност за непочитување на Извршната наредба 14292.
– Мора да сте подготвени да ги повлечете парите и, доколку е потребно, да свикате друг Црковен комитет. Резултатите од нашата истрага би биле невозможни без интерни укажувачи кои биле спремни да истапат. Тие се незаменливи реформатори. И покрај законот, регулативата на агенцијата и барањата за обука, укажувачите речиси никогаш не се заштитени. Заштитата на укажувачите секогаш изгледа дека ја штити агенцијата. Секој пат кога ЦИА се истражува сама себе, тие случајно не наоѓаат неправилности. Кога утврдуваат проблеми, тогаш системот е одговорен. Оваа последна изјава е буквален одговор од адвокат на Центарот за Европа и Евроазија кога Генералниот инспектор на ЦИА утврди сериозни недостатоци, така што тела за надзор држеа состаноци за тоа три години по настаните. Тоа беше одговор на прашањето „дали некој понесе одговорност“. Очигледно, системот е доволно добар.
Единствениот начин на кој можеме да го решиме овој проблем е преку вистинска одговорност за неуспехот да се почитува надзорот на извршната и законодавната власт и со механизам каде што укажувачите можат да продолжат да придонесуваат за мисијата, без да се плашат од одмазда. Сите елементи на РЗ треба да бидат отстранети од агенциите и да бидат дел од посебен субјект контролиран од страна на Генералниот инспектор на РЗ. Вработените во РЗ треба да бидат сертифицирани за извршување на редовни одговорности за известување до Министерството за правда и законодавен надзор, рече опративецот на ЦИА, на сослушувањето во Сенатот на САД во врска со прикривање на информации за Ковид-19.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен возачот што удри 13-годишен велосипедист во Скопје
-

Нови 11,3 милиони денари поддршка за занаетчиите, малите и средните претпријатија
-

Владата донесе одлука за отворање македонска Амбасада во Литванија
-

СВР Битола апелира граѓаните да внимаваат на пријави за лажни сообраќајни несреќи
-

Во следните три дена прекин во снабдувањето со вода за сите корисници од водоводот Росоки-Дебар
-

Новата сезона во Хераклеа почна со туристи од Шпанија, Франција, Германија и Белгија
-

Гевгелија најтопла со 14 степени, нестабилно време со дожд и грмежи во текот на денот
-

Цените на нафтата пораснаа по изјавата на Трамп дека Кина ќе купува американска нафта
