-->
-->
Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
-->

Во Светниколоско опожарени се околу 30 хектари житни култури.
Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип денеска информираше дека вчера околу 16:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека помеѓу селото Немањици и село Ерџелија, Свтиниколско, настанал пожар во кој била зафатена површина од околу 25 до 30 хектари житни култури, сопственост на повеќе физички лица.
Во соопштението се наведува дека од Територијалната противпожарна едница (ТППЕ)- Свети Николе и екипа од ЈП Национални шуми пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА
-

САД со нови санкции за Куба
-

Средба Трамп – Руте во Белата куќа
-

СП 2026: Модриќ го одигра својот 200. натпревар за Хрватска
-

Тошковски: Интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата
-

Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен
-

Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
-

Средба на Минчев со српската министерка за јавна администрација Пауновиќ
