Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово
Побараните мерки притвор за сите осомничени за пукањето на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово во кое животот го загуби едно лице, а беа доведени во опасност животот и телото на други лица, се определени, соопштува Јавното обвинителство.
Оттаму информираат дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против тројца возрасни и едно дете,
-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице кое е осомничено дека сторило кривично дело – Убиство по член 123 став 2 точка 3, потоа Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 и Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
За истите дела со него како соизвршител е осомничено и едно дете за кое е поведена постапка согласно Законот за правда за децата.
Наредба за спроведување истражна постапка, како што дополнуваат, е донесена и против две лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство (во обид) по член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19, потоа Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 и Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-На 10 август, на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, првиот осомничен и детето во судир со законот родено во 2010 година, со умисла, како соизвршители и со употреба на огнено оружје – автоматски пушки кои на граѓаните им се забранети, лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени. Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон онавтомобил „голф“ со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој здобил со тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот. Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година кое се затекнало во непосредна близина, по што осомничениот заедно со детето во судир со законот се оддалечиле од лице-место, се наведува во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-
Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово
-
Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ
-
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа