Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
Во Општина Аеродром за првпат ќе има кино сала, театар и изложбен простор. Во близина на спортскиот објект Марко Божиновски во Ново Лисиче ќе се прави мултимедијален центар. Објектот кој долго време беше напуштен и руиниран ќе биде пренаменет за секаков вид на културни манифестации. Ова е еден од 20те договори кои министерството за култура и туризам ги реализира со општините од цела држава.
Целта е до 2028 година кога Скопје ќе биде европска престолнина на културата, во главниот град да бидат ставени во функција 7 вакви мултифункционални центри. Овој културен центар ќе биде сместен на површина од 1400 м2. Објектот треба да биде завршен за две години а ќе го менаџира општината преку своето јавно претпријатие.
До крајот на септември Митески најави дека ќе се реши долгогодишниот проблем со паркирањето во населбите Ново Лисиче и Реонски центар. Се чека одобрение од Град Скопје и МВР по што и овој дел од урбаниот простор на општината ќе биде регулиран со зонско паркирање.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар