Македонија
12. November 2020 - 20:28
Општина Струмица ги пренамени парите за новогодишно украсување
Наместо новогодишно украсување, финансиска поддршка за општата боница. На предлог на градоначалникот, општина Струмица се откажа од еден дел од средствата за украсување на градот и реши да ги донира за потребите на болницата. Ваквата одлука доби поддршка од сите советници кои едногласно го прифатија предлогот и одлучија еден милион денари од општинскиот буџет да бидат донирани за набавка на опрема и материјали за справување со пандемијата на Ковид-19.
Ваквата одлука на својот фејсбук профил ја објави и градоначалникот Коста Јаневски. Тој напиша дека на ова се одлучиле бидејќи општината е општествено одговорна институција на која што здравјето на граѓаните и е врвен приоритет.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
