Македонија
25. March 2026 - 12:17

Трета година по ред ООУ Кочо Рацин од Прилеп организира еко акција за пошумување

Трета година по ред ООУ Кочо Рацин од Прилеп организира еко акција за пошумување.

Годинава се пошумуваше пределот во близина на манастирот Свети Димитрија кај селото Селце. На површина од околу 2 хектари се засадија 600 јасенови садници кои одлично егзистираат во овие услови кои ги има природата тука.

„Ова исто сакам да претставува поттик и за другите основни училишта да се вклучат и тие во вакви акции за пошумување затоа што со ова ние го зачувуваме еко системот и за идните генерации“, истакна Јулијана Тренкоска, директорка на ООУ „Кочи Рацин“ Прилеп

Учениците целат дека со радост ги очекуваат овие акции за кои што велат дека ја зачувуваат нашата планета и иднина.

„И овие акции многу значат за Прилеп затоа што се знае дека дрвата се нашите бели дробови. И мислам дрека во иднина да има се повеќе вакви акции затоа што и јас како млад човек уживам во природата“, вели Марио Ангелески, ученик во ООУ Кочо Рацин Прилеп.

„Јас досега имам учествувано во три акции за пошумување и мислам дека многу вредат да се одржуваат вакви акции, затоа што многу вредат да се садат дрва затоа што тие се извор на кислород“, рече Давид Долгоски, ученик во ООУ Кочо Рацин Прилеп.

„Ова ми е втора акција за пошумување, ова треба да се организира почесто затоа што растенијата се белите дробови на нашата планета“, кажа Маја Дамеска, ученик во ООУ Кочо Рацин Прилеп.

Инаку за само 1 недела ова е втора акција за пошумува на прилепско, претходно кај месноста Песиобрдце се засадија 6.000 садници на даб.

„Денеска во овој локалитет ќе пошумуваме јасенови едногодишни садници кои се идеални за овој простор бидејќи се најидеални на суша. Припремено е Национални шуми, ЈКП Комуналец Прилеп и ООУ Кочо рацин“, истакна Пеце Јовевски, директор на подружница „Црн Бор“ Прилеп, при Македонски шуми.

Овие акции се далеко од потребни во прилепско, затоа во минатото дрвокрадците и пожарите буквално ги соголија сите планини околу градот.