Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство. Премиерот Роберт Фицо и јас, јасно ставивме до знаење: нема да ги прифатиме барањата на Брисел да престанеме да купуваме руска енергија. Унгарија никогаш нема да поддржи одлуки што го казнуваат сопствениот народ, напиша унгарскиот премиер Виктор Орбан на Х.
Во видеото што го постира во рамки на објавата, Орбан истакнува:
„Вчера имав средба со премиерот на Словачка и двајцата се согласивме дека не можеме да ги прифатиме барањата на ЕУ да престанеме да купуваме нафта и гас од Русија. Словаците исто така се во тешка ситуација и ако можам тоа да го објаснам вака: ако ги прифатиме барањата, трошоците на семејствата ќе се зголемат двојно за електрична енергија и три ипол пати за гас. Секому можам да му порачам само една работа: зошто еден унгарски премиер би се согласил на ова? Зошто би требало да одобрам одлука што ќе резултира со трошоци за унгарските семејства кои ќе треба да плаќаат три ипол пати повеќе за гас? Зошто тие го бараат тоа од мене? И како таква глупост воопшто им падна на памет? Ние сме тука за да го направиме животот подобар за луѓето, а не да го влошиме. И тоа што го барате, ќе ги повреди Унгарците. Разберете една работа: Никогаш нема да ја добиете мојата согласност.
Ново на Сител
-
Муцунски во Хаг
-
Муртезани во Париз
-
Расте електронското плаќање
-
Водовод: Секој скопјанец дневно троши по 664 литри вода
-
Интерпелацијата на Костадиновски од Уставен можно е да пропадне
-
Приведен 60-годишник во Скопје, возел со 3,08 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
ЦУК: Еден крак од пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер е изгаснат
-
ПОЦ: Санкционирани 82 непрописно паркирани возила минатата недела