Преглед на вестите од светот
Русија во текот на ноќта со 728 беспилнити летала и 13 крстосувачки или балистички ракети нападна повеќе укриански градови соопштија украинските власти. Украинската одбрана успеала да собори голем дел од нив. Претеседателот Зеленски изјави дека тоа е најголемиот воздушен напад на Русија врз неговата земја од почетокот на војната.
„Ова е напад што кажува многу – и се случи токму во моментот кога се вложуваат толку многу напори за постигнување мир, за воспоставување примирје, а сепак само Русија продолжува да ги отфрла сите овие напори. Тоа е уште еден доказ за потребата од санкции – строги санкции против нафтата, која ја снабдуваше воената машина на Москва со пари повеќе од три години војна“, напиша Зеленски на мрежата X.
Нападот дојде неколку часа по изјавата на Доналд Трамп дека САД ќе испратат повеќе оружје во Киев и по критиките за Путин. Американскиот претседател Ги нарече бесмислени обидите за преговори со Путин и размислува да воведе доплнителни санкции против Русија.
-Не сум задоволен од Путин. Можам да ви кажам толку многу во моментов, бидејќи тој убива многу луѓе и многу од нив се негови војници, негови војници и претежно нивни војници. А сега е до 7.000 неделно. И не сум задоволен од Путин. Добиваме многу глупости од Путин, ако сакате да ја знаете вистината. Тој е многу љубезен кон нас цело време , но се покажува дека е бесмислено, истакна Трамп.
-Знаете, ние сме доста смирени во врска со ова. Прво, Трамп има, така да се каже, прилично строг стил во однос на фразите што ги користи и така натаму. Исто така, слушнавме многу важна изјава од Трамп дека решавањето на украинскиот конфликт се покажа како многу потешко отколку што мислеше од самиот почеток. Ова е она што го кажуваме од самиот почеток, дека не е можно да се реши (конфликтот) преку ноќ изјави Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.
Песков предупреди и дека одлуката на Трамп да продолжи со снабдувањето оружје за Украина, нема да придонесе за мирно решавање на конфликтот, напротив ќе ги продолжи воените операции.
Француските пожарникари продолжуваат да се борат со шумскиот пожар што стигна до предградија на Марсеј, вториот најголем град во Франција. Се интервенира и од воздух. Околу 400 луѓе мораа да ги напуштат своите домови. Според министерството на внарешни работи 100 лица се повредени, вклучувајќи десет пожарникари и 22 полицајци. Десетина куки се оштетени а изгореа 700 хектари вегетација.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар