Орбан до Маѓар: Ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат

Доскорешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, ја предупреди новата унгарска влада на Петер Маѓар да внимава во односите со бирократите во Брисел и да не се откажува од националниот сувернитет поради пари или политички поволности.
-Новите луѓе на власт мора многу јасно да разберат едно: ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат. Откажувањето од нашиот патриотски став и предавањето на националниот суверенитет за пари или политичко одобрување би било историска грешка. Не смееме да дозволиме странските елити да одлучуваат за нашата иднина, напиша Орбан на социјалната мрежа X.
Новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, вчера положи заклетва, со што заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан.
Неговата партија Тиса има 141 од 199 места во новиот парламент, иако само пред две години, кога беше основана партијата, немаше ниту едно. Фидес на Орбан падна од 135 на 52 места.
Маѓар најави дека главните приоритети на новата влада ќе бидат борбата против корупцијата и враќање на средствата од ЕУ замрзнати поради загриженоста за владеење на правото и корупцијата.
За време на инаугурацијата на Маѓар за нов премиер, знамето на ЕУ беше повторно кренато на зградата на Парламентот во Будимпешта, за прв пат откако владата на Орбан го отстрани во 2014 година.
Виктор Орбан по заминувањето од премиерската функција одлучи да се откаже и од пратеничкото место и најави дека ќе работи на обновување на партијата.
МИА
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
-

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран
-

Пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, ќе присуствуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски
-

Македонија одбележува 35 години независност
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
