Орбан ќе бара од Трамп ослободување од американските санкции за руската нафта

За време на состанокот во Вашингтон на 7 ноември, унгарскиот премиер Виктор Орбан има намера да го убеди американскиот претседател Доналд Трамп за потребата од серија ослободувања од санкциите на САД воведени врз Русија во енергетскиот сектор.
Орбан рече дека ќе се обиде да му објасни на американскиот лидер дека на Унгарија ѝ се потребни овие ослободувања за да ја одржи својата енергетска безбедност.
Унгарија е земја без излез на море, нема директна морска врска, па затоа е принудена да се потпира на нафтоводи и гасоводи, потсети Орбан, додавајќи дека Американците треба да бидат свесни за овие предизвици.
Мораме да го документираме ова ако сакаме да добиеме ослободувања од санкциите на САД воведени врз Русија, рече Орбан во радио програмата Кошут кога беше прашан за неговата претстојна средба со Трамп во Белата куќа.
На 22 октомври, Министерството за финансии на САД ги вклучи руските нафтени компании Роснефт, Лукоил и нивните 34 подружници во нов пакет антируски санкции, кои целосно ќе стапат во сила на 21 ноември.
МИА
Ново на Сител
-

Дел од Карпош без вода
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
