Орбан: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека „Украина ја уценува Унгарија“ со запирање на протокот на нафта преку рускиот нафтовод „Дружба“ поради што Унгарија мора да ги ослободи своите стратешки резерви.
Во видеоизјава објавена на „Фејсбук“, Орбан рече дека ова ќе биде првата точка на дневен ред на денешната владина седница и нагласи дека целта на украинската уцена е да се принуди Унгарија да ѝ се приклучи на коалицијата на провоени европски земји.
„Значи, постои огромен притисок во Европа да се продолжи војната, а Украина особено сака сите ние, сите европски земји, вклучително и Унгарија, да ѝ се приклучиме на војната. Денес сè уште се бориме со ова“, заклучи Орбан.
Унгарија се снабдува со руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, чиј јужен крак поминува низ Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
-

Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК се операционализираат решенија за барањата на македонските превозници
-

Возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени возачи во Тиквешко
-

27-годишен неготинец физички ја нападнал својата 19-годишна невенчана сопруга
