Македонија
16. February 2026 - 13:29

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата

На 15.02.2026 во 22:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Е.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 58-годишна мајка и неговата 30-годишна сопруга, при што употребил и остар предмет, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.