Организирано делување за превенција на врсничко насилство
Превенцијата е првиот и основен механизам за намалување на врсничкото насилство, но за негово целосно елиминирање потребно е да се инволвираат сите засегнати страни. Не постои усогласен стандард дека одреден профил на ученик може да изврши насилство.
- Со тоа што живееме сега во време на масмедиуми и маскомуникација, модерна дигитализација, заканите по децата и формирањето на содржината, не се само институциите, не се само родителите, туку и некои малициозни актери коипто буквално со далечинско, значи од далечина можат да ги загрозат младите, коишто, благодарение на природната радозналост се многу ранливи на вакви провокации и манипулаци- изјави Методи Хаџи – Јанев, Универзитетски професор по безбедност
Министерството за образование има подготвотвено протокол за постапување, кој е десеминиран во училиштата, доколку се увиде дека постои било каков вид на врсничко насилство.
- Наша цел е училишната средина да биде безбедна, децата да се чувствуват среќни во својата околина, да се надмине врсничкото насилство, да се надмине булингот и да се соочиме со различностите- изјави Билјана Казанџиска, Државен секретар во МОН
Во моментот постои добра соработка со МВР и правосудните органи, но тие би требало да бидат последна инстанца за решавање на ваквите спорови, зашто најчесто имаат далекусежни последици.
- Ако не се делува, ако не се работи со нив, да продолжат со таквото девијантно однесување и во понатаможниот живот, а тоа знаеме дека на крајот ќе мора да се санкционира- Тони Делев, претседател на Апелационен суд –Штип
Во штипска Апелација во просек годишно се работат околу 10 до 12 предмети поврзани со малолетничката правда, но Делев смета дека бројот е многу поголем зашто повеќето од случаите не се пријавуваат.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар