Македонија
8. March 2025 - 16:30

Осми март го наполни Охрид со гости

Празничниот викенд го исполни Охрид со гости, пред се припаднички на понежниот пол од нашето соседство кои допатуваа за тука да го поминат 8 март – Меѓународниот ден на жената.

Туристите  го искористија убавото сончево време за прошетки низ стариот дел на градот, кејот на Охридското Езеро и чаршијата, а не изостануваат ни традиционалните забави по охридските кафулиња, ресторани и хотели.

За Денот на жената во Охрид се нудат бројни екскурзии со посета на културно-историските споменици, со акцент на богатата понуда. 

Туристичките работници покрај овој викенд голем наплив на гости очекуваат и за Велигденските празници.