Останува проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти, десетици заинтересирани компании за дата центри

Владата останува на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти, а според премиерот Христијан Мицкоски, податоците за првиот квартал од годинава се показател дека македонскиот БДП е еден од најдобрите во Европа.
- Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5 проценти. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1 проценти, а со усогласени вредности 3,3 проценти, сезонски усогласени вредности 3,3 проценти, што во однос на бруто домашниот производ претставува еден од најдобрите во Европа, во овој момент. Колку и да сакаат поединци да ја извртуваат вистината или сатирично да го пренесуваат сето тоа. Но за нив имам лоша вест, Македонија забрзува, Македонија победува и Македонија како многу пати во историјата ќе победи, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП.
Ребалансот на Буџетот, како што рече, ќе биде готов месецов.
Како што рече Мицкоски на новинарско прашање, има десетици заинтересирани компании за дата центри во државава, кои со законските измени за кои почна постапката во Собранието се изедначуваат со технолошко индустриските развојни зони.
- Имаме неколку десетици заинтересирани компании, разговараме и преговараме, секако ќе бидат избрани локации кои што нема да имаат никакво влијање на животната средина - рече Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода.
МИА
Ново на Сител
-

Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер
-

Алиу – Новиот клинички центар во близина на ГОБ 8-ми Септември најповолно решение
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
