Осум активни пожари низ државата
Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава има регистрирано вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, осум се активни, информираат денеска од Центарот за управување со кризи.
Активните пожари се на територија на општините Македонски Брод, Прилеп, Долнени, Росоман, Кичево, Студеничани, Велес, Сопиште.
Во „Јасен“ гори мешана шума. На територија на село Беловодица, место викано „Ливада“ и село Лењиште, гори букова шума. Мешана шума гори и во подрачјето на селата Стровија и Долгаец. Ниска вегетација е опожарена во атар на село Дебреште.
Ниска вегетација и ниска шума горат во село Душегубица. Мешана шума е опожарена во регионот на селата Горно Количани и Драчевица, планински врв „Китка“. Ниска вегетација гори во село Клуковец. Кај брана - езеро Козјак, пожар зафатил ниска вегетација и шума.
Изгаснатите пожари биле на територија на општините Маврово - Ростуше, Боговиње, Струга, Кичево, Липково, Старо Нагоричане, Долнени, Кратово, Студеничани, Гази Баба, Илинден, Василево, Гевгелија, Струга, два во регионот на Ѓорче Петров, а три во кумановското подрачје.
МИА
Ново на Сител
-
Украински дрон предизвика пожар во руската нуклеарна електрана Курск
-
Зеленски: За неколку дена ќе бидат подготвени безбедносните гаранции за Украина
-
Сончево со мала до умерена локална облачност
-
Тошковски: 24 години ЕБР- врвна професионална единица која секогаш и секаде ја чува Македонија
-
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“
-
Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да изрази сочувство и за децата во Појасот Газа
-
Најмалку 25 луѓе загинаа при израелските напади врз Појасот Газа
-
Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП