Осум Албанци уапсени во Белгија под сомнение за атентат врз главниот обвинител во Брисел

Осум лица, од албанска националност, членови на албанска криминална група, што дејствува во Белгија, се уапсени како дел од можен обид за атентат врз главниот обвинител Брисел, Жулиен Моинил, објавија албанските повикувајќи се на белгиските медиуми.
Додаваат дека во вчерашната акција, од раните утрински часови, полицијата извршила 18 претреси на куќи во Брисел и Лувен.
„Главните осомничени имаат криминално досие поврзано со организирана трговија со дрога и се активни во рамките на албанската криминална мафија“, соопштило белгиското државно обвинителство.
Уапсените се испрашуваат од истражителите, а потоа судот ќе одлучи дали ќе бидат задржани во притвор или ќе бидат на слобода.
Истрагата за овој случај започнала во јули, кога полицијата добила информации за можен заговор за извршување обид за атентат врз обвинителот Моинил. Поради сериозноста на случајот, нивото на закана против него веднаш било подигнато на ниво 4, највисоко ниво на ризик, а биле воведени и зголемени безбедносни мерки.
-Жулиен Моинил не е првпат да се соочи со сериозни закани. Тој неколкупати беше ставен под заштита поради опасните случаи што ги водел, вклучително и шема за измама со автомобили, каде што според белгиските медиуми, во албанската средина имало планови да го убијат, за што биле нудени еден милион евра, наведуваат албанските медиуми.
МИА
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
