Осуммина уапсени поради обложување, суспендирани над 1.000 турски фудбалери

Осум лица, вклучувајќи го и претседателот на прволигашот Ејупспор, Мурат Озкај, официјално се уапсени денеска во Турција под сомнение за обложување на резултати на фудбалски натпревари, додека Турската фудбалска федерација (ТФФ) суспендираше 1.024 играчи и почна дисциплински истраги против нив.
Овие апсења и суспензии уследија откако минатата недела беа суспендирани 149 турски фудбалски судии кои активно се обложувале.
Од вкупно суспендираните 1.024 фудбалери, 27 се од клубови од Првата турска лига, меѓу кои и од актуелниот шампион Галатасарај и градскиот истанбулски ривал Бешикташ.
Поради големиот број суспендирани играчи, ТФФ побара од ФИФА посебен 15-дневен период за трансфери на нациоално ниво за да можат клубовите да ги пополнат празнините во своите состави.
Паралелно со ова, ТФФ соопшти вечерва дека натпреварувањата во Втората и Третата лига се суспендирани за период од две недели.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Законот за високото образование не е политичко туку државно прашање од кое зависи иднината на земјата
-

ДЗС: Ангелов во Кипар на состанок на директори за цивилна заштита на земјите од ЕУ
-

Муцунски и Прево на утринско трчање низ Скопје
-

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли
-

Ѕвездата од „The Hunger Games“ уапсен поради пукање во тројца мажи во Северна Каролина
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
