Осветувањето на водите на реката Црн Дрим во Струга на Водици ќе почне во 11 часот
Струга се подготвува за големиот христијански празник Богојавление - Водици. Осветувањето на водите и спуштањето на светиот крст во водите на Црн Дрим, в петок, ќе почне во 11 часот на Чаршискиот мост.
Богослужбата во соборниот храм „Свети Ѓорѓи“, од каде и ќе тргне поворката, ќе почне во во 7 часот и 30 минути, а поаѓањето кон Чаршискиот мост во 10 часот и 30 минути. Отец Васко Голабоски, старешина во црквата „Свети Ѓорѓи“ информира дека чинот на осветување на водите ќе го врши миторполитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, Тимотеј.
- Да се почитува редот воспоставен од црквата и надлежните институции. Се да биде во дух на мир, смиреномудрие, взаемна почит и празнична Богојавленска радост, порача отец Голабоски.
Волонтерите на Црвениот крст - Струга и годинава ќе бидат дел од манифестацијата, од каде препорауваат капачите внимателно да пристапат кон капењето во студените води на реката Црн Дрим.
- И годинава ќе го покриеме настанот со спасители на вода. Препогачуваме граѓаните да бидат внимателни, да им се даде простор на капачите, безбедно да влезат во студените води, а капачите со добра здравствена состојба без претходно конзумирање алкохол да пристапат кон капењето, аплеира Адуриме Даути секеретар на струшкиот Црвен крст.
Празникот Богојавление Водици масовно се одбележува во Струга. Секоја година голем број верници скокаат по светиот крст во студените води на Црн Дрим, но голем е бројот и на оние што влегуваат во осветените води за здравје. Оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе има бериќетна година.
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
