ОТА останува без директор
ОТА утре останува без директор, истекува 5 годишниот мандат на Зоран Ангеловски. Една од најважните безбедносни институции во државата најмалку 10 дена ќе биде без менаџер. Според законската процедура толку ќе трае огласот за пријавување на кандидатите. Собранието не се сети навреме дека поминале 5 години, па пратениците дури вчера ја изгласаа одлуката за распишување на оглас. Во овој период додека тече огласот, законот не предвидува друго лице кое може да ја преземе функцијата, а ваквиот правен вакум според експертите е резултат на лошата регулатива.
Законското решение од почетокот е проблематично, зошто не е оставено директорот да биде на таа позиција до изборна нов. Простор за манипулација има.
Таквото решение било лошо уште од носењето . Зошто с ечека до последен рок докажува дека ние сме шампиони во лошо менадзирање и одговорно владеење
Ова доаѓа во време кога меѓународната заедница испрати јасна порака, дека власта е должна да обезбеди континуитет во работењето на ОТА. Оваа институција беше формирана по скандалот со неовластено масовно прислушување од страна на тогашната УБК. Токму ваквата ситуација во ОТА создава сомнеж во јавноста, дека може повторно да биде злоупотребен системот сметаат експертите.
Сомнеж што не мора да значи но по сите настани и скандали создава ерозија во довербата на јавниот систем остава простордека тоа може да се злоуотреби
Она што дополнително ја разбранува јавноста, е пресконференцијата што директорот уште од вчера ја закажа за денеска, а утрово беше откажана. Во образложението од ОТА стои поради итни и неодложни работи, најавената прес конференција на директорот на ОТА пред Собранието на РСМ во 11 часот се одложува на неопределено време
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
