Откажани двете денешни трки во Светскиот куп во алпско скијање

Машкиот слалом во Светскиот куп во алпско скијање во Вал д’Изер и супервелеслаломот во женска конкуренција во Сент Мориц, кои беа денеска на распоредот, се откажани поради обилните врнежи од дожд и снег кои беа регистрирани изминатата ноќ, соопшти Меѓународната скијачка федерација (ФИС).
„Поради актуелните услови на патеката по дождот и снегот изминатата ноќ, а со цел да се обезбеди сигурност и еднакви услови за сите скијачи, жирито одлучи да го откаже слаломот“, објави портпаролот на ФИС на социјалната мрежа Телеграм.
Ова е седма трка од воведните девет која е откажана во машка конкуренција, додека во женскиот куп е откажана третата трка во новата сезона.
Светскиот куп во алпско скијање треба да продолжи в четврток во италијанскиот зимски центар Вал Гардена.
Ново на Сител
-

СДСМ: Савевски работи по налог на Мицкоски
-

Николоски: Нови инвестиции во Охрид
-

Нова апаратура во „Мајчин дом“
-

О. Карбинци со четирикратно зголемување на средствата од данок на имот
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
