Откриени 13 нови илегални мигранти, двајца повредени во сообраќајна несреќа
Двајца мигранти се повредени во сообраќајна несреќа која се случила утрово на автопатот Градско Велес. Повредените заедно со уште 11 мигранти се наоѓале во патничко возило Рено Еспејс со струмички регистарски ознаки со кое била предизвикана несреќата. Како што информираат од полицијата од засега непознати причини возилото со кое биле превезувани мигрантите удрило во заштитната ограда и се првертело. По несреќата, возачот чиј идентитет сеуште не е познат го напуштил возилото во кое се пронајдени 13 те мигранти и избегал од местото на настанот. Повредените се пренесени во општата болница во Велес, а потоа префрлени во комплексот клиники Мајка тереза во Скопје. Од страна на надлежните органи се преземаат мерки за расчистување на случајот. Оваа не е прва сообраќајна несреќа на возило со кое се криумчарат мигранти. Пред околу три месеци на магистралниот пат Радовиш Штип во слична несреќа со комби возило при удар во ограда од мост двајца мигранти загинаа, а дури 21 беа повредени.
Инаку во последниот период полициската статистика бележи зголемување како на обидите за илегален премин на границата така и на криумчарењето мигранти. Последниот поглем случај беше регистриран пред околу една недела кога само за 24 часа во два одделни случаи полицијата откри 120 мигранти кои илегално влегле на македонска територија.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
