Откриени првите детали од договорот: Еве што би можеле да добијат САД на Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека разгледува можен договор за Гренланд по разговорите со лидерите на државите членки на НАТО и ги повлече заканите за воведување царини за европските сојузници кои се противеа на неговите планови Америка да го преземе островот.
Откако со недели го вознемируваше трансатлантскиот сојуз со својата реторика, американскиот претседател рече дека состанокот довел до „рамка“ за можен договор. На социјалните мрежи Трамп понуди малку детали за разговорот кој и тој и претставниците на НАТО го опишаа како „многу продуктивен“.
Сепак, немаше индиции за договор кој би го задоволил барањето на Трамп за американска сопственост над Гренланд, амбиција која повторно ја истакна на Светскиот економски форум во Швајцарија, притоа исклучувајќи ја употребата на воена сила.
„Формиравме рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, за целиот арктички регион. Ова решение, доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и за сите земји на НАТО“, објави тој на Truth Social.
Дипломатски извори за Си-Би-Ес изјавија дека не постои никаков договор за американска контрола или сопственост над таа автономна територија која е под данска управа. Трамп додаде дека државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф „директно ќе го известуваат“ додека траат преговорите.
„Денот завршува во подобар тон отколку што почна. Сега да седнеме и да видиме како можеме да одговориме на американските безбедносни загрижености на Арктикот, со почитување на црвените линии на Кралството Данска“, рече данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен.
Во часовите што следеа, почнаа да излегуваат поединечни детали за договорот.
По состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп им изјави на новинарите дека можниот договор би можел да вклучува права на минералните богатства на Гренланд. Тој додаде дека европските сојузници би можеле да соработуваат на вториот план на Трамп – одбранбен систем наречен „Златна купола“ – кој би ги штител САД од ракетни напади со голем дострел.
Покрај стратешката положба на Гренланд, САД зборуваа и за огромните и главно неискористени резерви на ретки земни минерали на островот, од кои многу се клучни за технологии како што се мобилните телефони и електричните возила.
-Тоа е ултимативниот долгорочен договор. Ги става сите во многу добра позиција, особено кога станува збор за безбедноста и минералите. Тоа е договор кој трае засекогаш, порача Трамп.
Генералниот секретар на НАТО изјави дека на состанокот со Трамп не разговарал за клучното прашање на данскиот суверенитет над Гренланд. Трамп претходно ја отфрли идејата за закуп на Гренланд.
Според американските медиуми, потенцијалниот план би можел да им овозможи на САД изградба на дополнителни воени бази на таа територија. Официјални лица кои учествуваа на состанокот на НАТО во средата изјавија за Њујорк Тајм дека предложениот аранжман би можел да наликува на британските бази на Кипар, кои се дел од британските прекуморски територии.
Според постојните договори со Данска, САД можат да распоредат неограничен број војници на Гренланд. Веќе сега има повеќе од 100 постојано стационирани припадници на војската во базата Питуфик на северозападниот дел на територијата.
МИА
Ново на Сител
-

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска
-

МВР: Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
-

АМСМ: На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
-

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
-

Одбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР
