Отповикана судската расправа за случајот „Геријатрија”
Се отповикуваат двете главни судски расправи за случајот „Геријатрија”, од кои едната требаше да се одржи денеска во Основниот кривичен суд - Скопје, а другата на 18 септември.
Како што информираат од Кривичен, расправите се отповикани поради здравствени причини на еден од обвинетите. Одбраната на обвинетиот Б.А. доставила медицинска документација до Судот, согласно која не може да присуствува на расправите
Судењето ќе продолжи на следниот веќе утврден термин односно на 20 октомври.
На минатото рочиште обвинетите се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата што им се ставаат на товар. Во случајот „Геријатрија” за примање поткуп се гони директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, додека Блерим Амити за примање награда за противзаконито влијание.
Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи болнички прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил фатен на самото место од страна на полицијата.
МИА
Ново на Сител
-
Деца во двор на градинка во Центар пронашле наркомански шприц, ја скршиле иглата и се играле со него
-
Изгаснат пожарот кај Пинтија, интервенирале осум противпожарни возила
-
ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа
-
Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк
-
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа
-
Луксембург најави признавање на палестинска држава
-
Ноќеска голем пожар подметнат во сервис за возила пред Пинтија
-
Меѓународна конференција за односите меѓу Западен Балкан и Кина