Отпуштања на 14 отсто од админстрацијата како мерка за штедење на Нов Зеланд

Владата на Нов Зеланд до средината на 2029 година ќе отпушти речиси 14 отсто од вработените во државната администрација, како дел од стратегија за значајно намалување на трошоците, изјави денеска министерката за финансии, Никола Вилис.
Вилис пред претставници на бизнис-заедницата во Оукленд рече дека Владата исто така ќе го намали буџетот на повеќето државни агенции во следните три години, ќе го намали бројот оддели во јавната администрација и ќе бара побрзо воведување на технологијата на вештачка интелигенција во целиот сектор.
Таа наведе дека целиот план предвидува заштеди од околу 1,4 милијарди долари.
Според неа, во Велингтон би имало 8.700 помалку државни службеници, а уделот на административни работници во вкупното население би се намалил од 1,2 на еден процент.
„Тоа е неодржливо, недостапно е и не е во согласност со меѓународните трендови“, рече таа.
Министерката нагласи дека со отпуштањата нема бидат опфатени наставниците, армијата и лекарите.
Мерките предвидуваат и намалување на бројот на владини канцеларии и агенции.
Синдикатите и опозициските партии ги осудија најавените мерки.
МИА
Ново на Сител
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поефикасен прогон, Алта банка е меѓу темите што се следат
-

Радев: Проблемите на Бугарите во Mакедонија се влошуваат
