Отстранети 3.500 тони комунален отпад на територија на град Скопје

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје транспортирале 3.500 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територија на град Скопје.
Во истиот период се отстранети 850 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 190 кубни метри отпад од диви депонии.
Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготвила 20 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем дел од нив (14) биле врачени на територија на скопската општина Чаир.
- ЈП Комунална хигиена-Скопје континуирано реализира активности за одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се одвива во доцните вечерни часови. Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење и на плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев" и „Слобода", како и Старата скопска чаршија. Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје учествуваа и во акција за чистење на подвозникот на булеварот Гоце Делчев под стоковната куќа „Мост“, координирана од Градот Скопје - соопшти Комунална хигиена.
МИА
Ново на Сител
-

Почна најголемото клиничко испитување за побрзо откривање рак на дојка со помош на вештачка интелигенција
-

Отстранети 3.500 тони комунален отпад на територија на град Скопје
-

Најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени
-

Повеќе од 150 организации бараат од „Амазон“ и „Ибеј“ итно да ја запрат продажбата на играчки со ВИ
-

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Најмалку две лица загинаа, а 22 се повредени во руските напади врз Запорожје
-

Магла кај Попова Шапка, сите државни патишта проодни
-

Сончево и постудено
