-->
-->
Отворање на Новогодишен базар, пристигнување на Дедо Мраз и осветлување на чаршијата во Крушево
-->

Здружението Културен манифест, со поддршка на општина Крушево, неформална група на граѓани, Локален младински совет и многу компании од вечер до 6 јануари го организираат настанот „Празничен шепот на крушевската чаршија“.
Настанот почнува со музичко сценска изведба во 18 часот, по што ќе следи осветлувањето на крушевската чаршија, отворање на Новогодишен базар и пристигнување на Дедо Мраз. Предвиден е и настап на бендот „Балкан Џем“.
Иницијативата за настанот е од поединци и неформална група граѓани со цел да се збогати понудата на Крушево за овој период од годината. Во рамки на настанот, кој ќе трае до 6 јануари, ќе има богата програма.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
