Пад на цените на нафтата по објавата на Трамп за примирје со Иран

Цените на суровата нафта забележаа значителен пад по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД се согласиле на двонеделен прекин на огнот со Иран.
Референтна цена на нафтата Брент за идна испорака падна за 16 проценти на околу 92 долари за барел. Сепак, тоа е сè уште далеку над нивото од околу 73 долари на кое беше непосредно пред почетокот на конфликтот кон крајот на февруари. Американската референтна сурова нафта WTI падна за 19 проценти на околу 92 долари за барел.
Трамп јасно стави до знаење дека договорот е условен од тоа Иран да дозволи „целосно“ повторно отворање на Ормуската Теснина. Речиси целосната блокада на водниот пат – низ кој минува околу една четвртина од светската поморска трговија со нафта – предизвика најголемо нарушување во историјата на пазарот на нафта.
МИА
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
